
Нојер испиша историја – стана четврта легенда во Лигата на шампионите!
Со тоа тој стана само четвртиот фудбалер во историјата на првенството на најдобрите кој стигнал до троцифрен број триумфи. Пред него на листата се Кристијано Роналдо (115), Томас Милер (111) и Икер Касиљас (101).
Нојер јубилејот го оствари во синоќешната победа на Баерн Минхен против Челси (3-1) на стартот од новата сезона во ЛШ. Баварците до триумфот стигнаа со автоголот на Трево Чалоба и двата погодоци на Хари Кејн, додека за гостите единствен стрелец беше Кол Палмер.