
Меси го пропушта вечерашниот дуел, противникот донесе интересна одлука (ФОТО)
Тоа е големо разочарување за домашните фанови кои се надеваа дека ќе го видат во живо најдобриот фудбалер на сите времиња и осумкратен освојувач на Златната топка. Хјустон Динамо се најде во непосакуваната ситуација и мора да го амортизира гневот на фановите бидејќи најголем дел од влезниците за овој меч беа продадени токму поради Меси. Затоа, клубот донесе интересна одлука која ја објави со соопштение на социјалните мрежи.
„Хјустон Динамо има чест да го пречека Мајами на својот стадион в недела навечер. На последниот извештај на повредени фудбалери го немаше Лионел Меси, но информациите велат дека тој воопшто не допатувал во Хјустон. За жал, нашиот клуб нема контрола за тоа кој игра за противничките екипи. Очекуваме прекрасна атмосфера и празник на фудбалот во градот Хјустон. Навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварот со Интер Мајами, можат да добијат бесплатен билет за еден од следните натпревари на Динамо оваа сезона. Нови детали ќе има во текот на идната недела“, пишува во соопштението на клубот од Тексас.
Дуелот меѓу Хјустон Динамо и Интер Мајами е во рамките на второто коло од МЛС. Во првото, Хјустон загуби од Далас, а Интер одигра нерешено со Њујорк Сити.