Мбапе голот против Борусија го посвети на Жота (ВИДЕО)

Реал Мадрид во вчерашниот натпревар славеше победа од 3-1 против Борусуја Дортмунд со која обезбеди пласман во полуфиналето на клупскиот Мундијал.

Мбапе погоди со ножички во завршницата од натпреварот , а голот не го прослави еуфорично и го посвети на Диого Жота покажувајќи број 20 со рацете пред камерата што се наоѓаше зад аголот.