Маркос Рохо во новиот клуб не може да го носи презимето на грб - причината е бизарна!

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо ова лето од Бока јуниорс се пресели во Расинг.

Поранешниот репрезентативец на Аргентина потпиша со Расинг до декември 2026 година. Во аргентинскиот клуб кој 18 пати ја има освојувано титулата, му се случува нешто необично.

Имено, забрането му е да го носи презимето на клубот. Па наместо Рохо или Маркос Рохо, над бројот шест пишува „Маркос Р.“.

Причината е навистина бизарна. Во Авеленеда, предградие на аргентинскиот главен град Буенос Аирес, постои уште еден голем клуб, Индепендиенте, а бојата на ривалот е црвена (на шпански Рохо).

Стадионот на Индепендиенте се вика „Црвени ѓаволи“ и се наоѓа на само 300 метри од стадионот на Расинг. Дерби натпреварите меѓу Расинг и Индепендиенте се слични како и меѓу Бока и Ривер.

Па јасно е дека во една таква ситуација презимето „Рохо“ не може да биде на грб на играч на Расинг.

Од таа причина на дресот на Рохо ќе биде неговото име, а не презиме.