Тенисерите во Синсинати почнаа да паѓаат од топлина - еден го предаде мечот! (ВИДЕО)

Тенисерот Артур Ридеркнеч го предаде мечот против Феликс Оже-Алијасим од третото коло во Синсинати откако му се слоши од топлото време.

За време на вториот сет, тој буквално се сруши на подлогата, легна и побара освежување. Веднаш дојде помош, но Ридеркнеч не можеше да го продолжи мечот.

Тенисерите на турнирот се жалат на топлото време, но се игра според планираната саатница.