„Марка“ немаше милост: Брутално го понижи дефанзивецот на Реал за настапот против ПСЖ!

Шпанските медум не ги штедеа фудбалерите на Реал Мадрид по тешкиот пораз од Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство, а најголемо понижување доживеа младиот дефанзивец Раул Асенсио.

Новинарите на „Марка“ Асенсио за настапот против европскиот шампион го оценија со оценка „нула“. Една од причините за ваквата оценка сигурно е големата грешка која ја направи при водечкиот гол на ПСЖ, но и во текот на натпреварот имаше повеќе лоши одлуки кои влијаеа на текот на комплетниот натпревар.

Во текстот на еден од најпознатите шпански медиуми се потенцира и дека Асенсио не се прославил ниту на претходните натпревари кои ги одиграл во САД.

„Униишти се добро што правеше во текот на сезоната, поради што и доби шанса да игра на Светското клупско првенство. Направи три лоши грешки во три разлчни натпревари кои го прикажаа во лошо светло, не само за клубот туку и за репрезентацијата. Овој турнир сигурно нанесе многу штета на неговата кариера“, пишува „Марка“.

Фото: Real Madrid C.F/X