Маестрално: Дечиња ги повторуваат легендарните голови на Роналдо, Бекам, Марадона... (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Евертон, Шон О'Хенлон, сподели видео на Твитер на кое се гледа како две дечиња од Англија се забавуваат во време на карантинот поради коронавирусот со повторување на некои од легендарните голови во историјата, а кое веднаш стана хит на социјалната мрежа.

На листата на копиите се незаборавните погодоци на Марадона со неговата „Божја рака“, слободниот удар на Роналдињо, головите на Бекам против Грција односно на Роналдо против Лацио и многу други.

На вас е само да уживате во детската имагинација и да го изберете својот фаворит меѓу овие најдобри погодоци на векот.