Прескапо: Навивач плати богатство за пиво и пуканки на стадион во САД (ФОТО)

Цените на храната на фудбалските стадиони низ светот станаа честа тема на социјалните мрежи, а последната објава на специјализираната страница „Footy Food“ привлече големо внимание.

Според објавата, навивачите на стадионите низ светот често плаќаат за храна многу повеќе од очекуваното, а најновиот хит се случи во Лос Анџелес.

Лос Анџелес ФК кој игра во МЛС лигата и чии резултати и популарност растат од сезона во сезона, се издвои како лидер кога се работи за цените на храната на нивниот стадион.

Специјализираната страница „Footy Food“, која ја следи ценовната политика на фудбалските стадиони, објави фотографија од пуканки и лименка пиво на стадионот во Лос Анџелес, а авивачот за ова уживање плати 33 долари, односно околу 30 евра, што веднаш привлече огромно внимание од фановите кои истакнуваат дека цената е прескапа.

Ова се и лоши вести за фановите пред Мундијалот наредната година на кој САД ќе биде домаќин заедно со Канада и Мексико.