Ливерпул и Фламенго ги дознаа ривалите во полуфиналето на Светското клупско првенство

По денешните натпревари меѓу Ал Хилал и Есперанса Тунис (1-0), како и Монтереј - Ал Сад (3-2) беа познати ривалите за Фламенго и Ливерпул на Светското клупско првенство кое се одржува во Доха.

Ал Хилал триумфираше со погодокот на Гомис во 73. минута од мечот против Еспреранса, додека Монтереј и Ал Сад одиграа возбудлив меч со пет погодоци.

Монтереј тргна жестоко во првото полувреме, па по првите 45 минути имаше водство од 2-0, сепак Ал-Сад во 66. минута намали на 1-2. По што следеше погодок на Монтереј за 3-1, а Хасан во 89. минута ги постави конечните 2-3.

Во полуфиналето на Светското клупско првенство ќе играат Фламенго и Ал-Хилал, односно Ливерпул и Монтереј.