
Легенда на Баерн ќе го враќа францускиот гигант на победничките патеки?
Поранешниот француски гигант се најде во финаниски проблеми поради кои остана и без тренинг-центарот, а сега како спас за враќање на победничките патеки може да биде легендарниот Оливер Кан.
Славниот голман откри дека испратил понуда вредна 30 милиони евра до актуелниот сосптвеник на клубот Жеррар Лопез.
„Сакаме да го преземеме клубот и да го вратиме во Лига 1 во наредните години, мислам дека можеме да го направиме тоа. Работите ќе зависат од многу фактори. Ние доставивме понуда од 30 милиони евра, Бордо е клуб со голема историја и огромна база на навивачи. Навивачите ги полнат трибините дури и во четвртата лига“, изјави Кан.
Во овој момент Бордо се наоѓа на третата позиција на табелата во својата група од четвртолигашкиот ранг со шест бода помалку од водечкиот Сент-Мало, а до крајот на првенството има уште шест кола.