Кутињо: Нејмар има болки, но ќе биде во ред

Филипе Кутињо потврди дека Нејмар поради болки го напуштил тренингот на Бразил, но додаде дека е нормално по толкав број на удари кои ги доби на дуелот против Швајцарија.

Фудбалерот на Барселона исто така истакна дека неговиот соиграч е во ред, како и дека ќе игра на следниот натпревар на Мундијалот.

„Нејмар има мали болки, но во ред е. Тоа е нормално, бидејќи доби многу удари. Првиот натпревар на Светското првенство секогаш е тежок. Не игравме како што сакавме, но мислам дека заслуживме да победиме, бидејќи создадовме услови и шанси за тоа. Може да подобриме некои работи, но смирени влегуваме во секој натпревар“, изјави Кутињо.

Бразил во првото коло во групата неочекувано одигра нерешено со Швајцарија и поради тоа во наредното коло против Костарика мора да оди на победа.