Култната „Бомбоњера“ го менува ликот - ќе исчезне рамната трибина (ВИДЕО)

Култниот стадион „Бомбоњера“ доби сосема нов современ изглед. Процесот на модернизирање на стадионот, препознатлив по рамната трибина, го претстави кандидатот за претседател на Бока Јуниорс, Хозе Бералди.

Во случај на реконструкција, рамната трибина ќе биде срушена, а таму ќе биде изградена нова и многу помодерна, па капацитетот на „Бомбоњера“ би изнесувал 70.000 места, а не 49.000 колку што има во моментов.

Инаку, изградбата на трибината не би влијае на улицата „Дел Вале Иберлус“, која се наоѓа веднаш до стадионот, затоа што сообраќајот би се вршел под трибината.

Патем, нови избори за претседател на Бока ќе бидат спроведени во декември, а со овој проект Бералди сигурно ги зголеми своите шанси за победа.