КОНМЕБОЛ започна дисциплинска постапка против Ривер Плејт
Ривер Плејт има 24 часа да собере докази и да ја почне својата одбрана. Засега не е јасно какви можат да бидат санкциите за „милионерите“, но шпекулациите велат дека клубот го очекува сериозна парична казна, а можеби и дисквалификација на неколку години од Копа Либертадорес.
КОНМЕБОЛ денеска треба да донесе и официјална одлука каде и кога ќе се одигра реванш натпреварот помеѓу Ривер и Бока. Некои аргентински медиуми пишуваат дека многу реално е Ривер да биде исклучен од натпреварувањето поради инцидентите и титулата по службен пат да и припадне на Бока.
За потсетување, дуелот помеѓу Ривер и Бока беше два пати одложен, откако навивачи на домашниот тим го каменуваа автобусот на лутиот ривал и притоа повредија неколку фудбалери. Потоа започна и општ хаос на стадионот „Ел Монументал“ откако пристигна информацијата дека натпреварот е презакажан за следниот ден.
Фудбале не се играше ниту во неделата, бидејќи КОНМЕБОЛ се плашеше од нови инциденти.