Комедија во МЛС: Фудбалер си даде автогол од половина терен (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Торонто и Колорадо од МЛС лигата се најде во центарот на вниманието поради автоголот кој во овој дуел си го постигна фудбалерот на гостите Зак Стефен.

Торонто победи во натпреварот со 3-2 и тоа по пресврт откако губеше со 2-0. Гостите преку Ароансон и Росенбери поведоа со два гола предност, а Колорадо во тие моменти беше и со играч помалку бидејќи на стартот од вториот дел исклучен беше Едвардс.

Но, и така направија пресврт прво Ларје намали на 2-1, а потоа Стефен комично од половина терен си ја погоди сопствената мрежа. Во оваа ситуација вина имаше и голманот кој лошо реагираше. Победничкиот гол беше дело на Саргент на пет минути пред истекот на регуларните 90.