Кој има најмногу дриблинзи на еден меч во историјата на СП? (ФОТО)
Конкретната статистичка категорија која ја содржи оваа табела е број на дриблинзи по натпревар. Според ОПТА, првото место на таа листа го има еден од најпопуларните нигериски фудбалери на сите времиња, Џеј Џеј Окоча, со 15 дриблинзи на мечот против Италија на Мундијалот во 1994 година.
Зад него се двајца со по 13 дриблинзи, Жаирзињо на Бразил - Уругвај во 1970 и Пол Гаскоњ на мечот на Англија против Камерун во 1990. Кај оние играчи кои имале ист број дриблинзи по натпревар, се мери и процент на успешност на тие дриблинзи, па затоа има јасен поредок.
Она што паѓа во очи е дека дека во топ-10 местата нема ниту еден играч од Мундијалите во 21. век. Прв таков е Лионел Меси, од СП 2010 во мечот Аргентина - Мексико. Го држи 12. место со 11 дриблинзи. Зад него е Еден Азар со стопроцентни 10 дриблинзи од последното СП, против Бразил.
Заклучокот можеби е површен и лесен, но очигледно фудбалот е многу потактички, на сметка на убавината и индивидуалните квалитети на фудбалерите.