Кој го изнервира Меси во микс-зона? „Што сакаш, што гледаш глупаку – бегај!“

Лионел Меси и Аргентина обезбедија полуфинале и ќе се судрат со Хрватска во вторник навечер од 20 часот, а најдобриот „гаучос“ кој имаше асистенција и гол во тричасовната рама со хепиенд (4-3 на пенали, 2-2) сите ги збуни во микс-зоната.

Нејасно е кој толку го изнервира Меси, па пред да даде изјави, му се нафрли на засега непознатиот човек во подтрибинскиот простор. Меси беше видно изнервиран, иако Аргентина победи и обезбеди полуфинале.

„Што сакаш? Што гледаш? Бегај таму, глупаку!“, викаше Меси пред да го смири новинарот.

Според некои информации од Аргентина, цел на Меси бил Веиг Вегхорст, холандскиот напаѓач кој даде два гола за „лалињата“ да се извадат од дното и да обезбедат продолженија.