Катастрофална статистика: Меси шутира пенали како – аматер! (ФОТО)

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси го игра своето последно Светско првенство и тоа е последна шанса за него да стигне до најпосакуваниот трофеј – златниот пехар. Но, Меси очајно тргна на првиот меч на овој Мундијал во Русија, промаши пенал и Аргентина не победи, ремизирајќи 1-1.

И само еден ден откако Кристијано Роналдо со хет-трик ја спаси Португалија во дербито со Шпанија (3-3), дојде ред на Меси да одговори, а тој шутна така очајно од пенал, што ударот беше лесен плен за исландскиот голман Ханес Тор Халдорсон.

И статистичарите пресметаа дека Меси има неверојатно лоша статистика кога станува збор за пеналите. Нивото на промашување му е 57 отсто, односно на последните седум меча за Аргентина и Барселона на кои шутнал пенал, четирипати промашил. Ако се додаде дека промаши пенал и на Копа Америка во финалето со Чиле, по што „гаучосите“ останаа без трофеј, веќе е јасно дека Меси барем за пенали е – аматер!