Катар се запиша во историјата на Мундијалите, макар и со – црна статистика

Домаќинот на 22-то Светско првенство, Катар, кој фрли 220 милијарди долари за организација на најголемиот фудбалски турнир е најслабиот самостоен домаќин на еден Мундијал во историјата, откако фудбалската селекција со три порази го заврши настапот.

Катар загуби со 0-2 од Еквадор, 1-3 од Сенегал и денеска со 0-2 од Холандија, па макар и со црна статистика со „нула“ на своето бодовно конто си ја обезбеди историјата како најлош фудбалски тим од домаќините.

Ако им е за утеха, барем дадоа еден гол и во еден момент ги израдуваа шеиците.