Капитенот на Ривер го пропушта Суперкласико - не смее да оди во Шпанија!?
Дуелот помеѓу ривалите требаше да се игра минатата сабота на „Монументал“, но дуелот беше одложен откако навивачите на Ривер го нападнаа автобусот на Бока и повредија неколку фудбалери, па КОНМЕБОЛ немаше друго решение, освен да го премести дуелот на друг континент.
Сепак, на лошите вести за Ривер им нема крај, зашто се шпекулира дека реваншот би можел да го пропушти искусниот капитен на тимот Леонардо Понсио.
Првиот дуел капитенот не го играше поради повреда, но вториот би можел да не го игра поради бизарна причина, односно поради тоа што е обвинет дека местел натпревари додека го носел дресот на Сарагоса.
Во Шпанија се истражува дуелот помеѓу Сарагоса и Леванте, а во прв план е токму Леонардо. Дуелот се играл во 2011 година и се сомнева дека токму тој фудбалер бил еден од фудбалерите, кои земале многу пари.
Веќе е докажано дека имало и други фудбалери кои учествувале во овој скандал, па добиле две години затворска казна, па доколку се појави Леонардо во Шпанија, тогаш полицијата би можела веднаш да го уапси.