Како на филм: Аргентинец излезе од затвор и веднаш потпиша за култен клуб!
Кабрал беше член на Аргентинос пред да заврши во затвор за убиство, па сега повторно потпишува за својот матичен клуб после пет години минати зад решетки
„Не сум убиец, не убив никого. Само сакам да играм фудбал. И ако ми дадоа слобода од таа нема да избегам“, рече Кабрал.
Кабрал беше обвинет, а потоа и осуден заедно со својот татко и еден роднина дека на дочекот на новата 2017 година до смрт го претепале Хоан Ариел Вилјегас, кој мртов со видливи повреди на телото бил пронајден на улица на 1 јануари 2017 година. Веднаш откако телото било пронајдено прво биле уапсени таткото и роднината на Лусиано, како и еден малолетник, а потоа и фудбалерот откако сведок изјавил дека го видел на местото на злосторот. После форензичката истрага била пронајдена крв на неговите патики и заврши во затвор.
Татко му ја презема одговорноста за убиството и доби 18 години затвор, роднината доби осум, а Кабрал девет ипол години. Но, поради добро однесување не ја одлежа целата казна, туку после нешто повеќе од пет беше пуштен на слобода и сега повторно ќе игра фудбал.