Италијански град се понуди да биде домаќин на Суперкласико
Утре најверојатно ќе биде решено кога ќе се игра Суперкласико, а почна да се шпекулира дека дербито помеѓу вечните ривали ќе се игра на друг континент.
Италијански „Кориере дело Спорт“ пишува дека италијанска Џенова се кандидирала за домаќин на натпреварот, кој најверојатно ќе се игра на осми декември.
„Драги претседатели, нашиот град, кој е како Буенос Аирес близок во историскиот и спортскиот пат, чувствува голема поврзаност со двата престижни клубови. Болните случувања многу нè вознемирија и како главен извршен директот на Општината Џенова со задоволство ве известувам дека ќе ни биде мило Суперкласико да се одигра во нашиот град.“, напиша првиот човек на Џенова, Стефано Анзалоне до Ривер и Бока.