Историја: Стефани Фарпар ќе свири на Германија – Костарика – прва жена која ќе суди на СП!

Француската судијка Стефани Фарпар ќе се запише задутревечер во историјата на Светските првенства како прва жена која делела правда на еден Мундијал, откако е делегирана да „свири“ на меч со огромен влог во највозбудливата група – Костарика против Германија.

Фарпар ќе суди на мечот на кој и Костарика и Германија имаат шанси за осминафинале, а во која играат уште и Шпанија и Јапонија во вториот меч, па многу математики има за тоа кој би одел во нокаут фазата, со тоа што „црвената фурија“ е во најдобра позиција, а очекувањата се дека ќе ѝ се придружат „панцерите“, иако не блескаа во првите 180 минути на Мундијалот.

Мексиканката Карен Дијаз и Бразилката Неуза Бак ќе ѝ бидат помошнички.