Исланѓанец ја „поремети“ противничката одбрана, па ја смести топката во гол (ВИДЕО)

Еден од најдобрите погодоци минатиот викенд беше забележан во втората белигиска лига, на мечот меѓу Сент Жилес и Роселаре, во рамки на 26. коло.

Двете екипи си ги поделија бодовите, играјќи 3-3, а најубав момент на натпреварот беше при постигнувањето третиот гол на домаќините во 45. минута за убедливи 3-0 во тие моменти. Имено, Исланѓанецот Атон Сигурдарсон при еден соло продор си поигрување со противничката одбрана, а кога добро ја обработи, ја смести топката во мрежата на гостите.