Интер може да потроши 80 милиони евра, Киву има уште две желби

Екипата на Интер до крајот на преодниот рок има намера да доведе две засилувања и според најавите за таа цел се подготвени да потрошат околу 80 милиони евра.

Едната мета е од средниот ред и тоа францускиот фудбалер Ману Коне (24), но Рома не сака да попушти кога во прашање е отшетата.

„Волчицата“ инсистира на сума од 50 милиони евра, па поради тоа Интер го насочил вниманието кон Рен и 21-годишниот Џауи Сисе кој има договор со францускиот клуб до 2029 година.

„Нераѕурите“ сакаат да ја засилат и стоперската позиција, а тука желби се Оумар Соле од Удинезе и Лоик Баде од Севиља.