Ѓоковиќ може до трофеј на Ју-Ес Опен под еден услов - Иванишевиќ верува во него!

Поранешниот тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ во интервју за српски „Курир“ меѓу другото зборуваше и за Ју-Ес Опен.

Иванишевиќ беше запрашан за шансите на Ѓоковиќ да го освои овој турнир, а според него Новак може да се надева на такво нешто само ако е целосно здрав, сепак за Иванишевиќ, Синер е фаворитот.

„Ѓоковиќ може да го освои Ју-Ес Опен само ако е целосно здрав и психички присутен на турнирот. Но, за мене фаворит е Синер, подобар е од Алкараз. Ќе биде тешко, Новак не треба никогаш да се исклучи и му посакувам уште еден грен-слем“, порача Иванишевиќ.

Ѓоковиќ на турнирот во САД ќе се обиде да дојде до својот 25-ти грен-слем трофеј во кариерата.

Фото: Wimbledon/X