
ФФМ отвори постапки против Вардар, Тиквеш, Шкендија и Шкупи!
Суспензија од по два натпревари добија: Немања Здравковиќ од Пелистер, Даниел Мојсов од Тиквеш и Јосе Карлос од Македонија Ѓорче Петров.
Суспендиран на два натпревари е и помошник тренерот на Вардар, Матија Мирков, а претставникот на „црвено-црните“, Никола Стојаноски ќе отсуствува еден натпревар.
Кога во прашање се дисциплинските постапки тие се отворени против четири клуба:
ФК Тиквеш АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ)
ФК Вардар АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ)
ФК Шкендија АД – поради недолично и навредливо скандирање на навивачката група на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Шкендија (2. коло, Прва МФЛ)
ФК Шкупи 1927 АД – поради неисполнување на неопходните услови утврдени во Правилникот за инфраструктура и стадиони на ФФМ, особено во делот на:
– обезбедување на соодветен терен и пропратни објекти
– исполнување на условите за имплементација на ВАР технологијата
– неможност клубот да обезбеди терен за одигрување на натпреварот ФК Шкупи 1927 АД – ФК Силекс АД, закажан за 17.08.2025 во 17:00 часот