Скандал во Романија: Ждрепката за купот била наместена, се појави и снимка (ВИДЕО)

На социјалните мрежи бурни реакции предизвика ждрепката за романскиот куп која беше одржана пред два дена, а причина е крајно сомнителното извлекување на едно од топчињата.

Имено, во објавеното видео јасно може да се забележи дека човекот кој ги извлекува топчињата едната од нив речиси и да не ја поместува и на крајот токму таа ја извлекува.

Најголем дел од фановите според коментарите се убедени дека станува збор за местенка и дека неговото движење со раката не е случајно. Инаку, во тој момент беше формирана двојката помеѓу Костанца и Корвинул.