Избрзале: Навивачи на Рајо место во Унгарија завршиле на Фарски Острови

Шпанскиот фудбалски прволгаш Рајо Ваљекано ќе игра во Европа по паузаа од 24 години, а тројца навивачи на овој клуб место во Унгарија каде што ќе се игра натпреварот против белорусскиот Неман Гродно завршиле на Фарски Острови.

Семејството Гарсија купило билети за Фарски Острови бидејќи верувале дека во претходното коло КЛ Клаксвик ќе оди понатаму по победата над Неман од 2-0 во првиот натпревар.

Но, Неман во Унгарија каде што ги игра домашните натпревари ја надополни негативата и по подоброто изведување на пенали продолжи во следната фаза.

Така стана противник на Рајо, но Алваро и неговите родители кои веќе имаа купено билети за Фарски Острови одлучиле да ги искористат и да ја посетат оваа земја.

„Рајо на крајот не патуваше на Фарски Острови, но на стадонот се појави црвената лента“; објави Алваро на социјалните мрежи.

Исто така тој на празниот стадион се фотографираше и со дресот на Рајо. Тројцата фанови како што открија потрошиле 4.700 евра од кои 2.700 на авионски билети.