„Најк“ поместува граници, потпиша договор со - осумгодишно дете!

Во последните години навикнавме да гледаме како млади фудбалери потпишуваат договори, но потегот на „Најк“ сега, сепак е големо изненадување.

Имено, познатиот бренд на спортска опрема сега потпиша договор со бразилското „чудо од дете“ Натанзињо кој има, верувале или не, само осум години.

Станува збор за дете кое се развива во младинскиот погон на Фламенго и никогаш во историјата на клубот од Рио Де Женеиро немало толку млад фудбалер кој потпишал договор со еден произведувач на спортска опема.

Според пишувањата на бразилските медиумии, „Најк“ има големи очекувања од него, па поради тоа сакал да го обезбеди многу рано.

Минатата сезона осумгодишникот постигна 18 гола и беше најдобар стрелец во државното првенство до осум години, а исто така беше проггласен и за најдобар фудбалер.