Интер Мајами обезбеди учество на Светското клупско првенство

Интер Мајами минатата ноќ славеше против Њу Ингланд со 6-2, а потоа пристигна информација дека екипата и официјално ќе настапи на Светското клупско првенство.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино кажа дека е среќен што на натпреварувањето му се приклучува екипата од МЛС-лигата, каде што играат поранешни ѕвезди на Барселона како Жорди Алба, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Меси.

Веќе се познати 31 од 32 учесници на турнирот кој ќе се одржи во ново издание, а последното место ќе го пополни победникот на Копа Либертадорес на 30 ноември.