
Иличиќ за првпат си ја отвори душата: Патев премногу, пари, договори, слава - ништо не ми беше важно!
Иличиќ ги демантираше информациите дека депресијата била затоа што неговата сопруга го изневерила и како причина го наведе коронавирусот.
Во 2019 година Иличиќ постигна четири гола за Аталанта во Лигата на шампионите, меѓутоа потоа следеше најголемиот пад во неговата кариера. Аталанта дојде до четвртфиналето во Лигата на шампионите и според Иличиќ тимот и ќе го освоел натпреварувањето, ако не била пандемијата.
„Многумина зборуваат каде ќе бевме, ако не беше пандемијата и депресијата. Не знам, но сигурен сум дека би играле финалее во Лигата на шампионите. Не знаев дали ќе можам да се вратам, кога сте затворени почнувате да размислувате. Патев премногу. Парите, договорите, славата...ништо не ми беше важно“, зборуваше Иличиќ.
Се шпекулираше во медиумите и дека неговата криза се случувала откако ја фатил сопругата како го изневерува, но според неговите зборови тоа не е вистина.
„Се пишуваа многу невистини, а најголема лага беше дека сопругата ме изневерувала. Можете ли да замислете? Поради таквите пишувања доби и многу навреди“, изјави словенечкиот фудбалер.
Фото: Аtalanta B.C/X