Ибрахимовиќ: Не вреди да се гледа Мундијалот бидејќи јас не сум таму

Златан Ибрхимовиќ, фудбалерот на ЛА Галакси, повтори дека Светското првенство во Русија без него ќе биде драстично ослабено.

Ибра ги повтори зборовите од пред неколку години и додаде дека во целост е сериозен во тоа тврдење.

„Веднаш им ставив до знаење на луѓето во репрезентацијата дека нема да патувам со нив таму, но како и што кажав пред четири години, така повторувам и денес - Светското првенство без мене не вреди да се гледа. Тоа навистина го мислам“, изјави Ибра во свој стил. 

Неговата Шведска преку баражот со Италија обезбеди виза за во Русија, а та му ќе игра во групата Ф заедно со Мексико, Јужна Кореја и Германија.