
Ибрахимовиќ: Гвардиола ми рече да не доаѓам со Ферари. Знаете што направив?
Пирс Морган го најави интервјуто со Златан Ибрахимовиќ кое целосно треба да излезе во наредните денови, а во меѓувреме објавува некои извадоци.
Еден од нив е за моментот кога Пеп Гвардиола му кажал да не доаѓа со Ферари на тренинг.
„На првата средба Гвардиола ми рече, играчите тука не доаѓаат со Ферари. Знаете што направив јас? Дојдов со моето е*ено Ферари“, открива Ибрахимовиќ.