И следната сезона ќе бидат дозволени пет замени на еден натпревар

Првиот човек на светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, објави дека организацијата размислува за задржување на правилото за петте смени за следната сезона.

По продолжувањето на фудбалските сезони предизвикани од пандемијата на коронавирус, на повеќето лиги на екипите им е дозволено да направат пет замени во текот на натпреварот.

Според Инфантино, правилото може да остане за следната сезона поради тесниот распоред на натпреварите.

Лигата на шампионите завршува во август. Ќе има интернационални натпревари, потоа првенства, потоа квалификации за ЕП и сезоната 2020/2021, ќе има многу натпревари. Ни требаат силни играчи. Сега имаме правило од пет смени, можно е да го задржиме, ќе разговараме за оваа работа, прокоментира Инфантино.