Хорор во Алжир: Се сруши ограда од трибина, едно лице загина (ВИДЕО)

МЦ Алжер ја освои титулата во алжирското првенство, но славјето го помати хоророт што се случи на стадионот „5 Јули“.

Еден навивач загина откако се сруши оградата од трибината и тој падна од горниот дел, а уште неколкумина се повредени. Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун изрази сочувство до семејството на настраданиот и на повредените им посака брзо заздрвување.

 

 

„Со голема тага и болка во срцето ја примивме веста на нашиот навивач Јунес Амгузи кој загина по пад од горната трибина“, соопшти клубот на својот Инстаграм профил.

Повредените се итно превезени в болница, а фудбалерите, членовите на стручниот штаб и на управата на МЦ Алжер заминаа да донираат крв. Поради трагедијата, церемонијата на доделување на трофеите беше одложена.