Готово: Засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра заминува!

Дарвин Нуњез во 2022 година стана најскапото засилување на Ливерпул во историјата, а како што стојат работите само три години подоцна ќе го напушти „Енфилд“ откако не ги оправда очекувањата.

Уругваецот во летото 2022 година пристигна од Бенфика за сума од 85 милиони евра и има важечки договор до летото 2028 година, но според последните информации за неколку месеци ќе има нов клуб.

Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо тврди дека и клубот и Уругваецот сметаат дека таков развој на настаните е најдобар и за двете страни.

Дарвин во јануари беше на чекор од заминување од Ливерпул кога пристигна понуда од Ал-Наср, но меанџерот Арне Слот одлучи дека Нунез му е потребен во составот со кој сака да ја нападне титулата во Англија и Лигата на шампионите.

Но, сепак сега ситуацијата е променета и во Ливерпул поинаку размислуваат. Вкупно Нунез за „црвените“ одигра 138 натпревари и постигна 40 голови, додека сезонава на 42 настапи во сите натпреварувања постигна седум голови.