Голман го тресна противникот од земја со боречки зафат и доби само - жолт (ВИДЕО)

Во американската МЛС-лига синоќа имаше неверојатен потег на натпреварот помеѓу Сиетл и Канзас. 

Голманот на гостите Мелиа во една мешаница во својот шеснаесетник буквално го тресна од земја противничкиот фудбалер Ролдан. Направи боречки зафат по кој реагираше и легендата на овој спорт „Рок“ Двејн Џонсон, кој сега е најпопуларниот акционен актер во Холивуд. 

Најинтересно е тоа што голманот на Спортинг Канзас заработи само жолт картон, а немаше ниту пенал.