Германски олимпиец ќе настрада од спонзоруша: Ќе ја жени, а со мене спиеше со ноќи!

Се сеќавате на германскиот репрезентативец Макс Крузе, членот на олимпискиот тим на „елфот“, кој пред камери на ТВ-преносот после еден меч на олимпискиот турнир ја запроси својата девојка.

Сѐ изгледаше идилично, откако и неговата избраничка Дилара рече „да“, ама веридбата нема да мине идилично зашто се појави втора девојка, Ванеса Марипоса, која важи за модел, а многумина ја сметаат за спонзоруша.

Ванеса сега откри дека Крузе, инаку член на Унион Берлин, ја изневерувал својата девојка со неа, спиејќи неколкупати во Дубаи.

„Тој имаше афера со мене, а сега сака да ја жени девојката. Не ми се верува! Се сретнавме во Дубаи, ме повика во вилата 5005, која ја изнајми во склоп на хотелот и ми рече дека е слободен, па минавме заедно неколку денови. Имавме секс. Да знаев дека има девојка немаше да бидам со него. После тоа не се видовме повеќе, ама се слушавме на телефон до февруари годинава. И понатаму имам негова маичка дома“, вели Ванеса.

Веднаш се јави Крузе после сведоштвото на Ванеса, додека негов пријател тврди дека аферата со Ванеса е пред фудбалерот од Берлин да ја запознае својата сопатничка.

„Тоа што се случува меѓу мене и свршеничката е само наша работа, знаеме сѐ еден за друг, па нашата доверба еден во друг е неограничена. Затоа сакам да ми биде сопруга. Вистината е дека јас не ја изневерив Дилара, нашиот однос е нечепнат и среќни сме, па затоа и премногу не се грижам што други девојки зборуваат или се обидуваат да свртат внимание кон себе“, вели Крузе.