Германија во депресија: Јоги менувај, цел свет ни се смее!

Силен земјотрес во стресе Мундијалот во Русија на почетокот на најголемиот фудбалски фестивал, по поразот на актуелниот светски првак Германија од Мексико со 0-1, по што германските медиуми со остри критики се нафрлија врз „елфот“ и посебно селекторот Јоаким Лев.

Германците очекуваат одбрана на круната, но актуелниот светски првак не беше ниту бледа сенка од селекцијата која доминантно стигна до четвртата светска круна пред четири години во Бразил.

И како обично, медиумите за најголем кривец за воведниот пораз го посочија селекторот Лев и му порачаа дека мора да менува во составот.

Франкфуртскиот „Алемајне Цајтунг“ со својот наслов „Бивши победници“, коментира дека Германија сега е под силен притисок, а селекторот Јоаким Лев не ни помислува да направи некаква промена на ова Светско првенство во Русија.

Многу пожесток беше „Билд“, еден од најчитаните весници во светот, кој потенцира: „Светот му се смее на светскиот првак“.

„Доста е со загарантираните места во тимот“, посочува „Билд“, дополнувајќи дека ова е првата од 11-те работи кои Лев мора да ги промени.

„Светските шампиони Кедира, Дракслер, Озил, Милер, како и новите ѕвезди како Вернер мора на следните тренинзи повеќе да се трудат на тренинзите и да докажат дека се вредни да бидат првотимци. Ако, не Јоги без милост мора да ги стави на клупа и да им даде шанса на Горец,а Брандт, Ројс, Гундоган, Руди...“, додава таблоидот.

„Зидојче Цајтунг“ пак со една фотографија кратко го објасни дебаклот – навивач на Германија со националното знаме го прекри своето лице за да не го гледа срамот на светскиот првак.