Гасперини: Копмајнерс се договори со Јувентус, не сака ниту да тренира со нас
Информациите на италијанските медиуми сега ги потврди и Гасперини кој откри дека фудбалерот повеќе не сака ниту да тренира со тимот.
„Се беше во ред со Копмајнерс до крајот на минатата недела. Фудбалерот одлучи да се пресели во Јувентус и веќе има договор со нив. Ни соопшти дека се чувствува стресно и побара да не тренира со нас“, изјави Гасперини.
Во раководството во оваа ситуација се чувствувале уценето од играчот.
„Тој повеќе не е од корист на нашиот тим, Аталанта како клуб има цврст став на оваа тема бидејќи луѓето во клубот се чувствуваат уценето. Ова е поразлична ситуација од сите кои досега сум ги имал. Клубот продаваше фудбалери кои беа ценети, меѓутоа условите беа поинакви“, истакна италијанскиот стратег.