Фудбалерите го избраа идеалниот тим, немаше место за првиот стрелец во ЛШ (ФОТО)

Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПРО) денеска го објави изборот за најдобри фудбалери за 2025 година, а во идеалниот тим, очекувано доминира актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен.

Имено, ПСЖ има пет претставници, потоа следат Барселона и Реал Мадрид со по двајца, додека Челси и Ливерпул имаат по еден.

Сепак, изборот не помина и без реакции биејќи во него немаше место за фудбалери како Халанд, Салах или Рафиња кој дури беше и најдобар стрелец во Лигата на шампионите минатата сезона.

(3-4-3) Донарума – Хакими, Ван Дајк, Мендеш – Палмер, Белингем, Педри, Витиња – Јамал, Мбапе, Дембеле.