Фризерот на Кукуреља откривал информации од соблекувалната на Челси?! (ФОТО)
Имено, тој на својот профил на социјалните мрежи објавил фотографија на која се гледа како го шиша Кукуреља со дополнуввање дека Жоао Педро и Кол Палмер нема да играат против Брајтон поради повреди.
„Еве ви ексклузива“, стоело во неговата објава.
Но, тоа било информација која не смеела да излезе во јавност, по што фризерот набрзо ја избришал објавата, а потоа ги деактивирал и своите профили на социјалните мрежи.

Интересно е што и пред натпреварот против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите беше објавен составот со кој Челси ќе настапи во тој дуел, а тогаш тренерот Росениор зборуваше дека знаат кој е „кртот“ во соблекувалната, меѓутоа дека тој не мислеш ништо лошо на тимот.