Го сакаше Барселона, а на крајот може да заврши во – Бешикташ!
Наводно Бешикташ веќе направил конкретни чекори да го доведе во своите редови, шпанскиот фудбалер бил на вечера со претставници на клубот од Истанбул, каде му бил претставен амбициозен проект во кој тој би имал една од клучните улоги.
Договорот на Грималдо истекува во 2027 година и веќе е јасно дека нема да остане во Леверкузен, па германскиот клуб ќе се обиде да го продаде летово, прашање е само за која сума.
Во Бешикташ се надеваат дека цената би можела да падне под 20 милиони евра.