Флик: Оштетени сме, голот требаше да важи

Барселона вчера го претрпе вториот пораз во сезоната во Ла Лига, но во овој натпревар видовме и контроверзен момент кој предизвика бурни реакции.

Имено, Роберт Левандовски постигна гол, меѓутоа неговиот погодок беше поништен поради недозволена позиција. Но, по прегледувањето на снимките и фотографиите остана дилемата дали се мереше стапалото на голгетерот на Барселона или на фудбалерот на домаќините.

Во Барселона се разочарани и истакнуваат дека се оштетени, таквото размислување не го криеше ниту тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата по натпреварот.

„Ги видов фотографиите, таквата одлука беше грешка, тоа беше чист гол. Многу е јасно дека голот требаше да важи. Сепак треба да прифатиме, не можеме да ги обвинуваме судиите и тие се луѓе како сите други и сите правиме грешки“, изјави Флик.

Фудбалерот Касадо верува дека Ла Лига треба да го признае голот и натпреварот да биде регистриран со резултат 1-1.

„Во Ла Лига мора да го верификуваат голот на Левандовски и би било навистина неодговорно ако легален гол биде поништен на таков начин“, изјави Касадо.