Флорентино Перез не ги враќа поранешните играчи, тоа важи и за Серхио Рамос
Така беше со Кристијано Роналдо кој во 2018 година се пресели во Јувентус за неколку сезони подоцна да му се понуди на Реал и беше одбиен. Во истата ситуација сега е и Серхио Рамос, долгогодишниот капитен кој е без ангажман откако на крајот од минатата сезона му истече договорот со Севиља.
Реал се наоѓа во големи проблеми во одбраната, Алаба е долго повреден, до крајот на сезоната нема да заиграат ни Едер Милитао и Дани Карвахал и на Анчелоти очајно му се потребни нови играчи. Рамос, наводно, му се понудил на Флорентино Перез да помогне, но претседателот на Реал категорично ја одбил таа можност.
Ветеранот има 671 настап во дресот на Реал, постигна 101 гол и 40 асистенции и освои четири титули во Лигата на шампионите. По заминувањето од Мадрид играше за ПСЖ и Севиља, а иако има 38 години, не планира да ја заврши кариерата.