Почина навивач на Партизан кому му се слоши на мечот со Барселона
Веднаш по завршувањето на мечот, излезе информација дека на минута пред крајот, на еден од гледачите му се слошило и дека бил реанимиран додека траела играта. Утринава српските медиуми објавија дека Драган Ќетковиќ, 65-годишен навивач на Партизан починал како последица од срцев удар.
Веста е потврдена и од Ургентниот центар во Белград од каде е објавено дека лекарите брзо реагирале и долго време се обидувале да го вратат во живот Ќетковиќ, но во текот на ноќта, тој сепак починал.