По шест години, Дејвис го напушта Баерн и се сели во Реал

Најдобриот канадски фудбалер Алфонсо Дејвис ја игра својата последна сезона во тимот на Баерн Минхен.

Левиот бек стекна репутација на еден од најдобрите на својата позиција откако дојде од Ванкувер во 2019 година и за него се заинтересирани некои од најголемите европски клубови. На крајот од оваа сезона му истекува договорот со Баерн и ќе стане слободен играч по што ќе може без отштета да најде нова средина.

Шпанските медиуми тврдат дека веќе има договор со Реал Мадрид и ако е тоа вистина, би се потврдиле шпекулациите од претходните месеци. Дејвис со Баерн освои пет титули во германското првенство и една во Лигата на шампионите што е негов најголем успех досега.