ФИФА ќе ја казни Србија поради знаме за Косово во соблекувалната

Светската фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага и во понеделник најверојатно ќе ја казни Србија за „политичка порака“, откако се појави слика од соблекувалната на која е закачено знаме за Косово на кое пишува – нема предавање!

Ова знаме е декор на секој меч каде игра Србија во било кој спорт, како и на клупските мечеви на клубовите од северниот сосед, па откако се појави сликата предизвика реакција од соседно Косово кое Србија не го признава како независна држава и во последно време има уште позатегнати односи поради регистарските таблички што се наметнува да ги сменат Србите во северниот дел од Косово.

Според информациите на српските медиуми, откако ФИФА објави дека го истражува случајот, Србија се соочува со парична казна без шанса некоја поголема и поригорозна казна, како одземање бодови или исфрлање од Мундијалот.