
„ФИФА 23“ направи симулација на СП во Катар и победи – Аргентина (ФОТО)
Според симулацијата Аргентина во финалето ќе игра против Бразил во „суперкласико“ какво што не е видено во историјата на фудбалот и „гаучосите“ за својата трета светска титула ќе слават против петкратниот првак со 1-0.
Во полуфиналето Аргентина со 1-0 ќе ја победи Франција, додека Бразил на пенали со 5-4 ќе слави против Португалија откако мечот до рулетот ќе заврши без голови.
Сето ова не би било ништо посебно како предвидување, ако не се знае фактот дека на претходните три Светски првенства, беа погодени трите светски прваци, во 2010 – Шпанија, во 2014 – Германија и во 2018 – Франција.
Пред неполн месец една светска агенција преку суперкомпјутер врз база на низа критериуми исто така прогнозираше дека Аргентина ќе биде светски првак, ама во финалето ќе победи против Португалија.