Енрике се врати на кормилото на Шпанија

Луис Енрике се врати официјално на кормилото на Шпанија, откако уште синоќа беше објавена информацијата дека ќе го замени Роберт Морено.

Веста дека Морено го напушта селекторското столче на Шпанија ја шокираше јавноста, а многу „прашина“ се крена и со тоа дека тој нема да остане како помошник на Енрике.

Да потсетиме, Енрике пред неколку месеци замина од селекотрската позиција за да се посвети на ќерка му, која се бореше против рак, но за жал ја загуби битката.